ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со закон ќе казнува за негативно мислење, Македонија останува заробена држава

Од:

„Барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава. Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење. Тоа само покажува до каде се отидени и забегани од реалноста“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме дека во 2019 година истата влада на заевизмот, по насоки на Заев и Спасовски тогаш подготви предлог закон со кој се ограничуваше правото на протест, па забрануваа протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. Ова значеше дека доколку некој сака да протестира за лошата политика на владата или некое министерство, тоа треба да го прави на некоја ливада надвор од градот.

Сега истата власт на Заевизмот бара да се забрани негативно мислење искажано против власта.

Со вакви измени на Законот за граѓанска одговорност ќе се направи закон кој не постои ниту во Северна Кореја и претставува спроведување на неофашизам од страна на власта.

Очигледно дека Ковачевски, пиунот на Зоран Заев не сака да трпи кога народот го критикува во ситуација кога народот нема ни за леб, а државата тоне во економска, здравствена и енергетска криза“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање