ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски прифатил Бугарите да ни ги пишуваат учебниците, дека имаме бугарско потекло

Од:

„Власта без тронка срам ја лаже македонската јавност. Предлогот кој го претставуваат како модифицирана верзија е истиот предлог од пред неколку дена кој ги содржи сите бугарски барања. Тоа што Ковачевски наводно го одбиваше, сега со сменети „обланди“ го претставува како успех. А вистината е обратна. Македонија доживеа дипломатски неуспех“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со прифаќањето на Предлогот Македонија се обврзува на бугарскиот диктат кој во иднина ќе се однесува на македонските учебници, за македонската историја, споменици и историски личности и настани. Буквално ова ќе значи дека Македонија на годишно ниво ќе биде обврзана да изготвува годишни извештаи за тоа до каде е реализацијата на ваквите промени и доколку Бугарија не е задоволна, тоа ќе биде причина за нова кочница. А сите ги знаеме кои се апсурдните и антиевропски барања на Бугарија за македонските учебници, за нивните позиции дека сите револуционери се бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека Македонија е коминтерновска творба и слични други негаторски позиции кои сега ќе станат дополнителен услов на нашиот пат.

Вакви услови немала ниту една друга држава за да отпочне преговори со ЕУ. Македонија не бара ништо помалку, и ништо повеќе од тоа што другите земји го имале како услов.

Ова е ултиматум и за таков ултиматум велиме НЕ БЛАГОДАРАМ. Власта на Ковачевски нема ниту визија ниту стратегија. Впрочем за фијаското кое го доживуваме доволно говорат нивните лица. Ни самите не веруваат во своите лаги.

Ова мора да престане. Достоинството на Македонија нема цена. Затоа се вклучуваме на иницијативите за протести и повикуваме граѓаните масовно денес на платото пред Владата во 19 часот да излезат масовно на сенароден собир на кој ќе се каже јасно НЕ на Предлогот и јасно НЕ за оваа неспособна и ненародна власт која носи понижувања и порази“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ