ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски преговара со Бугарија за Гоце Делчев затоа не ја прифаќа Декларацијата

Од:

„СДСМ со денови молчи и не одговара што и смета и што е спорно во предложената Декларација која го афирмира ликот и делото на Гоце Делчев. Никој освен власта на пиунот Ковачевски не гледа спорно во тоа соодветно и достоинствено државата и институциите да го одбележат јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Што има лошо во тоа медиумите со соодветна содржина да се приклучат кон одбележувањето, во тоа да се издаде поштенска марка, или да има дополнителна наставна содржина во училиштата за неговото дело? Што има лошо во тоа научните институции да го афирмираат значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија?

Никој, ама баш никој не гледа ништо спорно освен власта, која само одби и не кажува аргументи против.

Нивниот молк гласно говори. Ова отвора сомнеж дека власта на СДСМ и ДУИ предводена од пиунот Ковачевски се влезени наголемо во нов пазар со македонските национални интереси. Евентуалниот пазар со револуционерното дело на најголемиот македонски син Гоце Делчев и распродажбата на македонската историја се удар и врз идентитетот и врз темелите на Македонија како држава.

Власта на пиунот Ковачевски мора да одговори, а не кукавички да се кријат од својот народ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ