ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски покрај што лажеше за курсот на Харвард, докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко

Од:

„Ковачевски покрај што лажеше за курсот на Харвард, докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко. Во биографијата која самиот Ковачевски ја објавил стои дека докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора во 2008 година. Амбасадор на Македонија во Црна Гора тогаш е неговиот татко Слободан Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали и како влијаел таткото на Ковачевски при добивање на неговиот докторат? За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Ковачевски во периодот кога бил на докторски студии бил на раководна позиција во Македонски Телеком. Дали и како Ковачевску го посетувал Универзитетот во Црна Гора?

Какво влијание имал Слободан Ковачевски, таткото на Димитар Ковачевски при неговото докторирање?

Ковачевски манипулираше со Харвард, дали манипулирал и со докторатот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање