ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне владата

Од:

„Ковачевски не смее да го осуди и да побара оставка на Талат Џафери, се плаши дека ќе му падне владата. Ковачевски отиде толку далеку, што и по релативизирањето на примитивизмот на Талат Џафери, мораше да отиде да гледа фудбалски натпревар со него за и тој лично да преземе одговорност за однесувањето на истиот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски прифати целата влада да застане зад примитивизмот на Џафери и да го оправда, само за примитивецот од Форино да остане на функција, а со тоа и да не падне владата.

Ковачевски го оправда малтретирањето на вработените во собранието, и тој застана зад пцовките, навредите и мобингот на Талат Џафери само за да ја зачува владата.

Ковачевски е спремен да жртвува десетина луѓе, и истите да носат психички трауми, само за тој да остане ден повеќе на власт.

Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. За целата држава да не биде заложник на пар луѓе очајни за власт по секоја цена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ