ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски кога лаже за диплома на Харвард, лаже и за се друго

Од:

„Ковачевски кога лаже за диплома на Харвард, лаже и за се друго, исти луѓе исти вредности. Ковачевски посетил курс на Харвард од неколку дена, кој може да го посети секој еден кој може да плати десетина илјади евра за таа намена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Ковачевски беше дипломец на Харвард тој ќе имаше алумни број, кој ќе го покажеше наместо да се крие зад партиски памфлети.

Ковачевски не е дипломец на Харвард. Тој лаже уште не седнат на местото на Заев, можеме да замислиме како ќе лаже кога допрва ќе седне.

Ковачевски ги врти истите празни флоскули кои ги вртеше Заев и не ги исполни. Ковачевски исто како и Заев манипулира, тоа се истите празни ветувања, кои одамна се прочитани од граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче