ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има едвај 70 пратеника ЗА уставни измени

Од:

Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав. Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени. Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70. Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине, се вели во сооппштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО