ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски се неспособни да ја осигураат јавната безбедност

Од:

„Ковачевски и Спасовски се неспособни да ја осигураат јавната безбедност. Со месеци МВР и институциите од полето на безбедноста не можат да се справат со лажните дојави за бомби, илјадници ученици секој ден губат часови заради аматеризмот на Спасовски и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои друг пример на држава каде власта е толку неспособна да се справи со хибридни закани од типот на лажните дојави за бомби, па народот да мора секој ден да ја осеќа таа неспособност на сопствена кожа.

Спасовски и Ковачевски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Со СДС на власт народот не е безбеден.

Со СДС нормален тек на настаните во еден ден станаа дојавите за бомби, испразнети јавни објекти и училишта.

Кој е планот на Спасовски и Ковачевски и како ќе ги заштитат граѓаните од малтретирањето кое секој ден им го приредуваат. Не е доволно да глумат аналитичари на состојбите, потребни се брзи решенија, со кои ќе го осигураат јавниот ред и мир“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина