ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити се сетија на медицинскиот кадар пред избори, задоцнета реакција

Од:

ДУИ и СДС продолжуваат со бруталниот поткуп пред избори. Ковачевски и Меџити на само 4 месеци пред да ја напуштат владата се сетија за медицинскиот персонал и докторите велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес конференција на која беше објавено вработувањето на 1117 времено ангажирани во здравството.

– Граѓаните беа сведоци само на скандали, немање на лекови и нaмeстените тендери во министерството за здравство. Седумгодини ДУИ и СДС менуваа само министри во министерството за здравство и со мал прст не мрднаа за подобрување на условите во здравствениот сектор. Седум години само лаги и ветувања за решавање на проблемот со одлив на кадарот во здравствениот сектор. Илјадници доктори, медицински сестри, техничари и друг персонал од болниците ја напуштија државата токму заради игноратсиот однос на власта кон белиот мантил. Многу задоцнета е оваа реакција на ЌЕ министерот Меџити, како и неспособниот Ковачевски. Докторите и медицинскиот персонал веднаш по промената на власта ќе добијат она што навистина го заслужуваат, вистинско внимание и добри услови за работа. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски