ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби со 300 милиони за аванси и пенали кон Бехтел можеа да направат 300 градинки низ цела држава

Од:

„Ковачевски и Груби со 300 милиони за аванси и пенали кон Бехтел можеа да направат 300 градинки низ цела држава. Доколку владата работеше за народот, парите кои треба да ги платат за аванси и пенали кон Бехтел за Коридор 8, кој уште не е ниту почнат, може да направи нова градинка во скоро секое поголемо населено место во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби се вади на други примери каде изведувачот Бехтел градел, но не кажува дека истиот таму гради врз основа на јавен повик.

За Коридор 8 нема ниту проект, ниту експропријација, а не пак градежни активности, но затоа има исплатено аванси од владата кон изведувачот и пенали кои треба да бидат исплатени.

Заради Ковачевски и Груби, владата префрли скоро 120 милиони евра, а во наредниот период по разни основи, меѓу кои и пенали треба да префрли сума која ќе достигне до 300 милиони евра, без притоа на терен нешто да се гради“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ