ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Ахмети имаат зад себе година на криминал, корупција и осиромашување на народот

Од:

„Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали. Народот и стопанството осиромашуваа, а корумпираните функционери ги полнеа своите џебови. Се обезвреднуваше државен имот и се местеа тендери, се со цел луѓе блиски до власта да се збогатат. Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, оризопроизводителите, вработените во Македонски пошти, Колска и многу други компании не можеа да си го наплатат трудот, ама затоа Управата за водење матични книги дала тендер за дигитализација на компанија формирана непосредно пред распишување на јавната набавка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова беше година која ја одбележаа злоупотреби на службената должност и злоупотреба на народни пари. Па така дознавме дека ген-секот на влада Мухамед Зеќири се товари за предизвикување на штета на државниот буџет во висина од скоро еден милион евра за сомнителна физибилити студија за приватизација на Пошта. За овој случај истрагата не се прошири да се види кој од претпоставените на Зеќири учествувал во ова дело, односно дали Заев или други министри го поттикнале делото.

Во текот на годината продолжија наместените тендери во енергетските компании, но и наместените огласи во кои граѓаните не по својот квалитет, туку според блискоста со некоја партија се вработуваа за дебели хонорари во државните компании.

Во исто време се случуваше континуирано погазување на достоиснтвото на народот и на Македонија. Владата по диктат на Бугарија прифати промена на учебници, историски книги, настани и ликови.

Оваа криминогена власт планира да продолжи како и до сега. Тоа мора да запре. Македонија може и мора да има нова власт која ќе работи во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО