ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да се заканува и глуми шериф

Од:

„Ристо Бекатон Пенов се заканува дека ќе трга автобуси од улица само затоа што не може да си го пие кафето на улица „Македонија“ наместо да работи. Ристо Бекатон Пенов се заканува дека ќе го крши Уставот и ќе го попречи правото на штрајк, само затоа што ја штити Данела Арсовска, коалициониот партнер на дезертерот Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дезертерот Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да може да се заканува и да глуми шериф за заштита на Арсовска, со која има тајна коалиција.

Ристо Бекатон Пенов се заканува за да може да продолжат матните тендери во Град Скопје кои Арсовска ги договара со Ковачевски.

Ристо Бекатон Пенов е познат по многу работи, и ниту една не е од полза за Скопјани. Тој ќе остане запаметен како градоначалникот кој ја смени коцката на плоштад Македонија и ја замени со босански плочки на лик на бекатон.

Во време на Ристо Бекатон Пенов оставени целосно се руинирани јавните градски претпријатија, каде истите се финансиски руинирани, со стара нефункционална механизација и возен парк, со екстремна превработеност. Поради криминал, неспособност и сомнителни тендери сериозно го оштети Камениот мост, симбол на Скопје. За време на реконструкцијата, поради неквалитетната изработка во летото во 2002 година во водите на Вардар се урна Стражарската кула.

Пенов ќе остане запаметен како градоначалникот во чие време се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски Аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари.

Покрај асистирање во грабежот на државните и градските добра, во времето кога Пенов е градоначалник нема тендер за кои нема големо сомневање за корупција и криминалните дејствија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања