ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корипција

Од:

„Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега, со криминал и корипција. Со Ковачевски ништо не се смени, напротив, уште повеќе се зацврсти криминалот. Тој е заложник на Ахмети, зошто само тој го држи на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски го гледа само личниот интерес. Уште со доаѓањето на СДС на власт тој со неговиот кум ја основал Пиксел груп, која заедно со КМГ ЕОЛ Квазар на неговиот кум зема грантови од државата, тендери и склучува договор со ЕВН додека тој е функционер.

Како Ковачевски функционира цела Влада. Матните зделки и тендери им се главна цел.

Покрај криминална, Владата е и неспособна. Македонија има инфлација од 20% на врвот во Европа. Се увезува струја и над 20 милиони евра месечно, затоа што власта е неспособна да произведе.

Во поглед на безбедноста, Владата е неспособна да ги заштити граѓаните. Со месеци неможе да пронајде кој е дојавувачот на лажните бомби и внесува несигурност кај граѓаните.

Ковачевски ги остави и учениците без книги, а болните без лекови. И образованието и здравството се во хаос.

Земјоделците се незадоволни и неможат да си го продадат произведеното.

Ковачевски и Ахмети не можат да ја водат Македонија. Потребни се промени и нова Влада за подобра иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ