ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е уплашен човек – доколку има двотретинско мнозинство нека ги поднесе предлог уставните измени до Собранието

Од:

„Димитар Ковачевски веднаш, уште денес да ги достави предлог за уставни измени во Собранието на Македонија, за да се соочи со фактот дека нема двотретинско мнозинство. И кога нема да поминат овие уставни измени, кукавицата Димитар Ковачевски да си поднесе неотповиклива оставка“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски.

„Тоа што кажува дека нема да си поднесе оставка доколку не поминат уставните измени покажува дека тој е само еден уплашен човек, кој бега од соочување со народот по секоја цена. Ковачевски единствено мисли само како да помине ден повеќе на удобната фотелја, а со тоа и да украде некој денар повеќе и да намести некој тендер, дали за него и неговото семејство, дали за неговиот шеф Ахмети.

Лажниот патриот на батерии кои што глуми кавга со Радев прави само уште еден очаен маневар се со цел да спаси нешто од неговиот уништен рејтинг.

Факт дека Димитар Ковачевски и покрај тоа што бега од соочување со народот, бега и од дебата со претседателот Мицкоски на крај Ковачевски ќе почне да бега и од сопствената сенка. Е до толку е исплашен Ковачевски.

Но Димитар Ковачевски треба да биде сигурен дека нема да избега од одговорноста за сите предавства и целиот криминал кој го прави“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ