ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пионот на Заев кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики поради кои Македонија е во економска, енергетска и здравствена криза

Од:

„Зоран Заев си одбра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ во Димитар Ковачевски. Целиот циркус и драматизирање околу наводни демократски избори во СДСМ се непотребни. Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталираше свој пион, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски е човек кој беше дел од погубните политики на Заев како заменик министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа за Заев Ковачевски е идеалниот наследник кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на неговиот ментор.

Ковачевски е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација преку приватизацијата грабаа, а овие вторите ја докусурија Македонија. Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат после брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе биде испратен во историјата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ