ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал со тапија за трајно неспособен – затоа оставка!

Од:

„Дезертерот Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок правдајќи се дека е трајно неспособен. Додека децата, татковците и браќата во илјадници семејства беа испраќани во првите борбени линии да го бранат суверенитетот и интегритетот на Македонија, Ковачевски трчал по лекарски уверенија за да докаже дека е трајно неспособен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека антимакедонството и клептоманството се двете доминантни вредносни матрици во СДС.

Ковачевски е недостоен за вршење на функцијата премиер, бидејќи и да се работи за лажно лекарско уверение, и да се работи заљ вистинска трајна неспособност, факт е дека тој не и служел на Македонија кога требало. Еднаш дезертер секогаш дезертер.

Еднаш лажов секогаш лажов. А може и двете во еден лик. Доколку е правена интервенција, тогаш се одредува дијагноза ВРЕМЕНО неспособен и се одложува периодот, а во ситуацијата Ковачевски приложил тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Ковачевски од 18 години имал можност да го отслужи воениот рок, но синчето на функционер избегнувало за да на крај се прогласи за трајно неспособно. Штом е трајно неспособен, а ние би дополниле и ТОТАЛНО НЕСПОСОБЕН, тогаш нека има барем грам доблест и нека си поднесе оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски