ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини што лажеше за наводната диплома од Харвард која е курс

Од:

„Ковачевски да се извини што лажеше за наводната диплома од Харвард која е курс. Ковачевски лажно се претставува како студент на Харвард. Ковачевски молчеше кога во медиумите беше ословуван како студент од Харвард и му беа правени фотографии како да бил дипломец. Тој се надеваше дека лагата ќе помине“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако виде дека е уплеткан во лагите, самиот Ковачевски преку соопштение од СДСМ призна дека манипулирал и дека не е студент.

Тој дури и на неговиот профил на Линкдин курсот од Харвард го пишува во доменот образование, а не во доменот курсеви или други усовршувања.

Ковачевски е претседател на партија и е крајно несериозно да лаже за неговото образование. Ако Ковачевски лаже за сопственото образование тогаш што останува со другите работи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ