ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да распише избори, по поразот во Тетово, тој веќе нема кредибилитет да ја води владата

Од:

„Ковачевски да распише избори, по поразот во Тетово, тој веќе нема кредибилитет да ја води владата. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ 2:1 во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ освои 4, а СДСМ 2 советнички места“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Тетово е победено и ДУИ. Владејачката коалиција е убедливп поразена во Тетово.

Резултатот од Тетово ќе се преслика и како резултат на парламентарните избори. СДСМ го очекува дебакл, и црвен картон од народот за сите лоши политики во изминативе 5 ипол години.

Ковачевски да не чека ниту ден, со секој поминат ден на власт на СДСМ, Македонија губи.

Време е Македонија да тргне напред. Ковачевски охрабри се. Оставка веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски