ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да побара писмени гаранции кои ќе гарантираат дека Македонија нема да има апсурдни пречки кон ЕУ и нема да се задира во македонската историја, јазик и идентитет

Од:

„Димитар Ковачевски пропушти да изгради национално единство по Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев по повод јубилејот 150 години од неговото раѓање. Патем не кажа што е спорно во текстот на декларацијата, туку само ја одби, што говори дека Ковачевски полесно му е да договара со Бугарија, отколку да гради единство дома во Македонија, со македонските политички чинители, македонската јавност и македонскиот народ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително ВМРО-ДПМНЕ конструктивно му предлага на Ковачевски тој барем еднаш да заземе сериозни позиции и за промена да побара писмени гаранции од Бугарија и Брисел.

Овие гаранции ќе потврдат дека нема да има ирационални и апсурдни пречки на евроинтегративниот пат на Македонија кои се целосно спротивни на европските вредности и во никој случај нема да има национално осакатување преку било какво задирање во идентитетот, историјата и македонскиот јазик.

Народот во Македонија заслужил европска иднина без условувања и дополнителни толкувања. Не може во никој случај да му се оспори револуционерната борба за слобода, антифашистичката и народно ослободителна борба која конечно се круниса со македонска државност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ