ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не стои спроти народот

Од:

„СДСМ и Димитар Ковачевски да покажат минимум политичка зрелост и чувство за државата. Да се издигнат над ситуацијата и барем еднаш да застанат во одбрана на македонското национално единство. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално единство, Ковачевски да ги напушти политиките на заевизмот и да застане во одбрана на националните и државни интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За националните интереси потребно е да се обезбеди заедништво. Со политиките на заевизмот кои ги изминираа македонските позиции тоа не е можно.

Македонија е наш заеднички дом и сите ние сме дел од тој дом. Ковачевски да не стои спроти народот, да не се крие, и да покаже минимум национално чувство.

Мора да се обединиме околу националните црвени линии.

На народот му е преку глава од порази, и од СДСМ да застанат зад линијата на државните и национални интереси.

Подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ останува кога во прашање се Македонија и народот. Ковачевски да се охрабри и да дојде на страната на Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ