ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фазата на отворање на преговори

Од:

„Предавникот Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фазата на отворање на преговори. На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална.

За Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски.

Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот.

Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски