ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее да каже ни збор

Од:

„Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее ни збор да каже за криминалот и непочитување на државата, Уставот, но и на Рамковниот договор од страна на Бујар Османи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Османи се однесува недржавнички кон Македонија на средба со неговиот колега на Шпанија и ја понижува државата на меѓународна сцена, Ковачевски само посматра. Не смее ни да се дрзне да го осуди, камо ли да го санкционира, затоа што ако го стори тоа следниот ден ќе му падне владата, а така нема да може да се одржи ден повеќе на власт и да го краде народот.

А додека Ковачевски се однесува како се, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.

Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.

Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка.

Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата. Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање