ВМРО-ДПМНЕ: Корупциското владеење беше белег на СДСМ

Од:

СДСМ со обвинувањата за корупција се обидува да ја манипулира јавноста и преку лаги и невистини да креираат лажна слика за Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Весна Бендевска.

Според владејачката партија, Бендевска за корупцијата во случајот Телеком, треба да има предвид дека во периодот за кој се говори, премиерот и претседателот на Република Македонија беа од редовите на СДСМ, а во Управниот одбор на Телекомот членуваа функционери од СДСМ.

– Корупциското работење беше белег на владеењето на СДСМ. Само да потсетиме дека според листата на Транспаренси интернешнл во 2006 на крајот на владеењето на СДСМ, Македонија беше рангирана на 105 место, а денес во време на Владите на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа на педесет места подобро рангирање. Ова е фактот кој СДСМ не може да го прифати, стои во пишаната реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски