„Власта излегува со контрадикторни ставови во однос на разговорите со Бугарија. Едно говори министерот за евроинтеграции Маричиќ, друго кажува министерот за надворешни работи Османи. По однос на односите со Бугарија едниот вели дека “Не би сакале да дискутираме и да се врзуваме со рокови“, другиот вели “Сите прашања, да бидат меѓусебно поврзани во еден роковник, во рамки на еден договорен пакет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Дипломатијата и дома и надвор остава впечаток дека функционира како раштиман оркестар, без стратегија и план, па не е ни чудо што сме на вакво дереџе.
Се поставуваат прашањата:
• Има или нема рокови за решавање на прашањата со Бугарија?
• Има или нема координација и стратегија на двајцата повикани министри?
• Или пак ова е обид преку какофонија да се замајува јавноста, додека зад завесата се подготвува нова распродажба на националните интереси?
Власта на заевизмот покажа во минатото дека пазарџиски води дипломатија по принципот купи ден помини на штета на македонскиот интерес, а денешната контрадикторност уште повеќе потврдува дека не треба да се верува на збор на функционери од власта на ДУИ и СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
