ВМРО-ДПМНЕ: Кон народот се пукаше со огнено оружје, а „Претседателот на државата за криминал“, Спасовски се обидува да ги сокрие доказите

Од:

„Криминалната власт на СДСМ и ДУИ повторно прикриваат докази, овој пат за случајот со пукањето кај Мавровка. Прикривањето на докази и криење на кривични дела од „Пајакот од Мавровка“ сега се претвори во „пиштол плашливец“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„По една недела од официјалното соопштение на МВР во кое јасно беше потенцирано дека во толпата која мирно протестираше, лицето Е.Ј. од Скопје пукало со огнено оружје – пиштол марка Walter P99 и истиот беше вперен кон толпата која мирно протестираше.

Тогаш МВР експресно поднесе кривична пријава, за да вчера Јавното Обвинителство, една недела подоцна да излезе со соопштение дека оружјето кое МВР го пронашла кај осомничениот било различно, односно дека тоа било пиштол за звучна сигнализација од марка EKOL Aras Magnum.

На самото место, вечерта кога се случи инцидентот беа пронајдени и испукани чаури од огнено оружје, а не од пиштол плашливец.

Јасно како ден – предавниците Ковачевски и Спасовски со помош на Русковска обвинителството прикриваат докази.

Како што пулените послушници милуваат да го наречат, Претседателот на државата за криминал, Оливер Спасовски прави кривично дело од член 353 од КЗ, злоупотреба на службена положба и член 365 помагање на сторител во кривично дело.

Предавниците Ковачевски и Спасовски ќе одговараат за ова прикривање на докази и за целиот криминал кој што го прават во државата. За секое прекршување и за секое кривично дело ќе има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ