ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести се стави во функција на извршител на Заев, епилогот е околу 6.000 заболени во октомври

Од:

„Комисијата за заразни болести потфрли во целост. Наместо како лекари се поставија како политичари. Епилогот е скоро 6.000 заразени од Ковид од почетокот на месецот до денес.

Комисијата која велеше дека се е под контрола и се стави во функција на извршител на Заев и Филипче сега е една од највиновните за енормниот број на заразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе неколку дена по ред 20% од вкупниот број на тестирани се позитивни на Ковид што е поразителна бројка. Околу 5.500 луѓе моментално се позитивни на корона вирусот во државата додека бројките на починати континуирано растат.

СДСМ исполитизира се. Исполитизирана е и Комисијата за заразни болести, и менаџментот во здравството, затоа цело лето не се презема ништо во оспособување на нови болнички капацитети, и затоа медицински кадар бега од Македонија.

Власта не ги направи потребните подготовки за претстојниот есенски бран на Ковид што следи па уште сега нема место во болниците. А, нема ниту вакцини против сезонски грип. Власта нема никаква стратегија. За здравјето на граѓаните се одлучува со ден за ден политики. Граѓаните се жртва на аматеризмот на власта. Потребна е одговорност.

Граѓаните очекуваат сериозност од власта и Комисијата за заразни болести, а не политизација и собирање на политички поени“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ