ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце

Од:

„Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира. Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира.

Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија. Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ.

Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.

Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце.

Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски