ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

Од:

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140 пати автобусот на Беса транс минувал граница и возел без дозвола. Тој поминувал полициски контроли, царински контроли и инспекциски контроли и сите тие свесно ги пропуштале без целосна документација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Бочварски и Спасовски не можеле да не знаат дека оваа фирма вози цела година и повеќе без лиценци, и е толерирана од сите државни служби истовремено.

Заштита од овој вид не може да пружи ниту еден индивидуалец во институција.

Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола? Кој ќарувал од нелегалниот бизнис на Беса транс кој однесе 44 животи?

Спасовски и Бочварски не можеле да не знаат, тие имале должност да знаат. Затоа и двајцата мора да си поднесат оставки.

Само со оставки на Спасовски и Бочварски ќе се ослободат институциите и ќе може да се утврди кој и зошто ја толерирал Беса транс, и дали тој некој е во врвот на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ