ВМРО-ДПМНЕ: Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа?

Од:

„Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа? Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот? Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?

Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава? Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ