ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев ја ограбуваше и продаваше државата, сегашното СДС силно аплаудираше

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано, и е затворена тема за нас. Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните. Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50% на БДП по глава на жител во период 2017 – 2023, Македонија имаше едвај 20тина%.СДС ги ограби и девастираше институциите и државните претпријатија. А во исто време без грам двоумење го продаваа идентитетот. Додека СДС на Заев ја ограбуваше и продаваше државата на големо, сегашното раководство на таа партија беше 3 и 4 ешалон на власт и силно аплаудираше на тоа, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов