ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев и министрите ќе се возат во нови возила, нека им текне дека некаде некој умира затоа што нема амбулантно возило

Од:

Народ нема леб да јаде, а Битиќи и Заев купуваат 45 луксузни автомобили за министрите и директорите. Во ек на криза, кога економијата тоне, долгот надмина 60%, односно 6.5 милијарди евра, 60.000 луѓе останаа без работа и 6.200 фирми се затворија, Заев одлучи дека наместо за спас на некое работно место ќе дава илјадници евра за 45 луксузни автомобили порачуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само што поминавме пандемија, на десетина места беа донирани болнички возила од приватни фирми, а власта не набави ниту едно. Човек почина во кратовско затоа што немаше возило кое ќе отиде по него, а луѓе умираа и за кислород. И на сета таа криза Заев реши дека е време за 45 луксузни возила. Владата има илјадници возила, но на Заев и неговите функционери им требаат уште 45, и тоа во ек на криза, во исто време кога зборуваат за зголемување на даноците. Наместо 45 автомобили за функционерите со истите тие пари можеше да набави 45 амбулантни возила за болниците ширум државата за народот“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари