ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција на говорот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – Една година Влада“, нагласувајќи дека неговите политики се продолжение на стариот режим на Заев.

-Секоја чест на актерската изведба на Венко Филипче – само што народот не аплаудира, туку превртува очи. Кога ќе се појави тој, сите веднаш се потсетуваат на изгорените животи во модуларните болници, на кинеските вакцини платени а неснабдени, како и на милионските тендери поделени во 4 очи со неговите пријатели од политиката. Човекот кој ја водеше најсрамната здравствена политика во историјата, денес држи предавања за достоинство. Навистина одличен материјал за стенд-ап комедија Седум години ја влечевте Македонија по кал. Ги осиромашивте граѓаните, ги исплашивте инвеститорите, ги партизировавте институциите до последниот портир и ја претворивте државата во бокс-ринг за вашиот внатрешен картел, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека сега кога конечно некој почна да расчистува, се јавува токму Венко да каже дека „немало перспектива“.

-Перспективата, господине Филипче, исчезна кога вие се качивте во бизнис-класата и почнавте да ги носите пријателите на скапи патувања, додека пациентите ги носеа во нестерилизирани сали со фотоволтаици што никако не стигнаа. Сега ви пречи што новата влада наместо бизнис во Дубаи, избра работа дома. Што наместо пропаганда, избра проекти. И што наместо тендери за свои, воведе одговорност за сите. Да, се живее тешко – ама за првпат по долго време, не поради кражби, туку поради отплата на вашите долгови. Македонија не е понижена, Македонија се издигнува – а вас ве остава зад себе. И не – нема да ве чека. Затоа седнете си, одморете од лагите. Овојпат – без тендер. И јавете му се на Заев, може има некој концерт, за вас е, се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?