ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски

Од:

„Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски. ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност.

Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник.

Помалите партии во Коалицијата да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус