ВМРО-ДПМНЕ: Класична дискриминација на граѓани од прв ред членови на СДСМ и сите останати

Од:

„СДСМ им порача на граѓаните дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат партиска членска книшка од нивната партија.

Тоа значи класична дискриминација на граѓани од прв ред членови на СДСМ кои може да ги уживаат сите привилегии, и сите останати кои нема да стигнат до своите права доколку немаат партиска членска книшка.

Пратеникот на СДСМ призна и дека се кинеле казни за сообраќајни прекршоци на членови на СДСМ, а додека сите останати мора да платат доколку им биде изречена казна за сообраќаен прекршок.

СДСМ со ова прави сегрегација и дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДСМ значи дека не може да стигнат до основните права во државата. Затоа го повикуваме Народниот правобранител да реагира и да ги осуди ваквите дискриминаторски изјави на СДСМ, како и да дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните.

Апелираме Народниот правобранител да реагира на политичката дискриминација и сегрегација која СДСМ ја прави на граѓаните тврдејќи дека нивната партиска книшка мора да биде втора лична карта и документ од кој ќе зависи какви права ќе имаат во оваа држава. Република Македонија согласно уставот е слободна и држава на еднакви граѓани и тоа мора да остане така“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ