ВМРО-ДПМНЕ: Кланот Заеви забрзано ги става под своја капа големите фирми

Од:

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека кланот Заеви за 20 илјади евра купиле индустриски погон од над 7 илјади квадрати.

– Кланот Заеви ја користи моќта и функцијата на Зоран Заев, за да купуваат фирми по багателни цени. Трајче Заев, братучед на аболицираниот криминалец Зоран Заев купи 22.25% од акциите на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев”, фирма која поседува 7.396 м2 индустриски погони и деловни простори, за само 20.000 евра. Да почитувани граѓани, Заеви купија фирма со имот која вреди милиони, за само 10 евра по метар квадратен. Акциите купени од Трајче Заев, се купени под паритет, односно под реалната вредност на истите. Заеви со оваа купопродажба се имаат стекнато со несразмерно голем имот, за кој имаат платено само 20.000 евра, рече Јакимовска.

Таа додаде дека граѓаните со 20 илјади евра не можат да купат ни гарсониера со површина од 25 м2, а не индустриски гигант со милионски имот.

– Почитувани граѓани, овде од авион се гледа дека нешто не е во ред. Заеви заслепени од власта пикираат фирми и имот, вредни милиони, кој го купуваат по багателни цени. Кланот Заеви забрзано ги става под своја капа големите фирми. Основното Јавно Обвинителство не смее да остане нем сведок на ваквиот мошне сомнителен начин на стекнување на огромен милионски имот за минимални суми. Основното Јавно Обвинителство и правосудните органи, не смеат да подлегнат под притисоците на власта, за негонење на криминалот во власта. Република Македонија е правна држава и одговорност за секое сторено криминално дело мора да има и ќе има. Сите оние кои ќе се дрзнат да го озаконат криминалот на Заеви и врхушката на власта, треба да знаат дека ќе сносат кривична одговорност со враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија, смета Јакимовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите