ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку Фејсбук соопшти дека неговата партија ќе учестува на изборите на 15 јули.

„На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ.

Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.

Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.

Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител