Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Од:

Јас уште еднаш упатувам јавна покана до владата и замолувам да седнеме час поскоро да договориме датуми за избори кои што следат и претседателски и парламентарни, два клучни процеси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема потреба дополнителни милиони народни пари да трошиме поради математиките и политичките калкулации на веќе поразените политичари дел од владата на ДУИ и СДСМ. Во еден изборен циклус, да го намалиме стресот кај граѓаните, политичкиот товар кој што го носат и да ја одглавиме Македонија од оваа состојба во која што денеска се наоѓа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за повикот на премиерот Димитар Ковачевски за учество на партија во работната група за утврдување на датум за претстојните избори.

„Ги повикувам и замолувам за разум, затоа што најмалку им е потребно денеска на граѓаните дополнителна фрустрација со политички комбинаторики кој што ги прави оваа влада, да седнеме, подготвени сме уште веднаш да договориме датум за претседателски избори прв круг и за претседателски и парламентарни избори втор круг. Оној датум кој што тие ќе го одберат, ние ќе го поддржиме. Да не правиме дополнителни трошоци. Со десетици милиони евра кои што ќе се потрошат во едни избори, навистина може да се направи многу. Замислете колку градинки, колку училишта, колку асфалт, колку водоводи, колку канализации можат со тоа да се завршат“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека, гарнитурата на власт секако е поразена и затоа ги разбира зошто сакаат да го растегнат процесот, затоа што секој ден за нив значи тендер повеќе договорен во четири очи, но посочи дека треба да се свесни за тоа бидејќи ќе има одговорност многу набрзо.

„Треба исто така да се свесни, за тоа ќе има одговорност набргу од денеска. Ние сакаме и на нив да им помогнеме, колку помалку ќе направат вакви злодела толку помала ќе биде одговорноста. Подготвени сме да разговараме уште денеска и подготвени сме да ги прифатиме овие два датуми, првиот круг претседателски и вториот круг претседателски заедно со парламентарни, оние кои што ќе ги каже владата на ДУИ и СДСМ. Министерство за правда никогаш, ниту одредувало датум, ниту пак има такви ингеренции да одредува датуми“, истакна Мицкоски.

Во однос на работната група при министерството за правда за изборниот законик, Мицкоски истакна дека таа работна група работи на измени во законик, кој повторно ќе дојде во собраниска процедура и ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија ќе се произнесе врз основа на тие измени што ќе ги добие како предлог.

„Инаку, да, ние не учествуваме, но тоа не значи дека нема да учествуваме во носењето на измени или во носењето на новата верзија на Изборниот законик. Кога ќе дојде во собраниска процедура, ќе се произнесеме. Никогаш министерството за правда не закажува дати за избори. Јас го разбирам Димитар Ковачевски, тој е поставен за вршител на должноста претседател на владата, уште некое време ќе ја врши таа должност, нема изборно искуство, нема претходно искуство во овие процеси и можеби во овој занес да глуми мачо политичар влегува во еден севдах кој што, навистина, никој не го разбира, ниту јас, ниту било кој политичар, ниту пак меѓународната заедница“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Мицкоски: Ќе ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин

Горан Наумовски

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

A1on

СДСМ и ДУИ уште лани разговарале за предизборна коалиција, договор уште нема

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

Мицкоски: Остануваме партнери на младите и многу ќе вложуваме во нив

Горан Наумовски