СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Од:

СДСМ соопшти дека нема да учествува на координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик, која за понеделник ја најави Левица, оценувајќи дека станува збор за „веќе видено сценарио“ во кое, како што велат, Левица ја игра улогата на сателит на премиерот Христијан Мицкоски.

Од партијата прашуваат зошто опозицијата би требало да се собира „по нарачка на Мицкоски“ и дали тој треба да ја повикува опозицијата кога ќе посака.

„СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава“, наведуваат од партијата.

Според СДСМ, преку ваквите иницијативи Мицкоски се обидува да создаде впечаток дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

„Вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората и да го наметне својот модел на изборна манипулација“, тврдат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека нема да му бидат „алиби“ на премиерот и нема да учествуваат во, како што велат, неговата кампања за предвремени избори.

„Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните. Сè друго е театар“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?