ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за докторска дејност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на иницијатива од пратениците доктори на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка и од останатите пратеници од паријата и коалицијата „За подобра Македонија“, во Собранието на Република Македонија ќе поднесат закон за докторска дејност.

– Овој предлог закон го поднесуваме бидејќи иницијативата за ваков закон се јави уште од претходниот мандат, од пратениците доктори од тој состав и беше предвидено овој закон да биде донесен до крајот на мандатот, но поради политичката состојба во Република Македонија овој закон не го виде дневното светло, рече на прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека како најголема придобивка од донесувањето на овој закон е предвиденото вреднување на докторскиот труд односно утврдување на висината на платата преку колективен договор, која што би ја земале општите доктори и докторите специјалисти од примарното, секундарното и терцијалното здравство.

– Со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата, рече Ѓорѓиевски.

Покрај утврдување на висината на платите на специјалистите и општите доктори, со овој закон се нуди и системско решение со кое, како што сметаат од партијата, ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар и на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство.

– Оттука, како пратеници, сигурни сме дека со ова законско решение најмногу добива македонското здравство преку поквалитетни услуги на докторите и посветеноста во односот на докторите кон пациентите. Бидејќи во предизборието од страна на СДС на оваа фела и се ветуваа промени во работењето и валоризација на трудот на докторите, ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме да го дадеме нашиот придонес со овој мотивациски и стимулативен закон како конструктивна опозиција, со цел да се подобри дигнитетот и достоинството на оваа фела, рече Ѓорѓиевски.

Тој исто така нагласи дека со овој предлог закон се заокружува еден огромен пакет мерки на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на здравството во нашата држава, како што рече, покрај инвестициите во набавка на современа опрема низ сите здравствени установи во Република Македонија, реновирање и изградба на нови здравствени објекти, стручната доедукација на кадрите во Македонија и странство.

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме од парламентарното мнозинство на чело со СДС да го поддржат овој закон поради тоа што беше ветено од нивна страна во предизборниот и постизборниот период, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека сметаат оти ова е позитивна мерка. Изрази надеж дека од август или септември оваа година докторската фела ќе може да го почувствува зголемувањето на платите.

На прес-конференцијата беше напоменато дека овој закон е работен во консултација со Лекарската комора, Здружението на лекари и Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава