ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поддржиме влада на СДСМ, ако се откаже од платформата од Тирана

Од:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја реафирмираше позицијата и ставот на партијата „дека во конкретниов случај, помала е цената да се удоволи на желбата на СДСМ кој сака да се дограби до власт и покрај поразот кој го доживеа на минатите избори“. ВМРО-ДПМНЕ би ја поддржала идната нивна влада, само доколку се откажат од уцените и целосно ја отфрлат платформата од Тирана, соопштија денеска од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на платформата од Тирана ќе значи целосно редефинирање на Република Македонија, нејзино претворање од мултиетничка во бинационална држава кој во подоцнежните фази ќе се федерализира, кантонизира и подели.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реализирање на вакво сценарио кое е спротивно на државните и националните интереси и ќе застане на страна на народот кој на изборите не гласаше за платформата од Тирана. Напротив, мнозинството граѓани ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО има обврска кон гласачите да ја почитува нивната волја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Реафирмирањето на ставот ИК на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на влада на СДСМ, доколку партијата ја отфрли платформата на албанските партии, е донесен на вчерашната седница по направената анализа на политичката состојба после постигнувањето договор меѓу СДСМ и ДУИ со кој беа обезбедени потписи за барање на мандат за составување на идната владина коалиција.

– Нетранспарентноста на целата постапка и криењето на договорот, остава огромен сомнеж за ризиците кои ги содржи истиот. Според ИК постигнувањето на договор со кој се одлучува за иднината на унитарна, суверена и мултиетничка Македонија зад затворени врати, креира тензии во земјата и го буди гневот меѓу граѓаните. Штетите предизвикани од ваквото постапување може да бидат огромни и далекусежни, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност