ВМРО-ДПМНЕ: Ќе отпочнеме широки консултации за референдумот кој треба да следи

Од:

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум за преговарачката рамка, следуваат консултации за формулацијата. Референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно.

Протоколот кој е дел од преговарачката рамка ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација.

Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на истиот.

По завршување на консултациите ќе се спроведе истиот. Народот ќе може да каже гласно НЕ за бугаризација“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски