ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има ревидирање на целиот политички прогон кој го прави СЈО и СДС

Од:

„СЈО продолжува да работи под диктат на СДС и да ја копира матичната партија СДС кога се работи за неодговорноста, нетранспарентност и кадровската непотистичко партиска политика.

СЈО потроши 4 милиони евра народни пари за да работи на политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. СЈО потроши 4 милиони евраза да вдоми партиски војници од СДС, деца на партиски функционери, внуци и роднини. Сега без срам отвораат нов оглас со кој ќе ангажираат за огромни хонорари и плати повторно уште некој внук или ќерка, шарен револуционер или твитер лик.

И иако се фалат со транспарентност тие се во суштина нетранспарентни и неотчетни затоа што не се потрудија да дадат одговор на јавноста за сериозните основи на сомение дека и со овој оглас повторно ќе вработат роднини, внуци, партиски активисти, комичари, твитерџии или пак новинари.

Овие лица на сметка на народот ќе работат по диктат на Зоран Заев и ќе штанцаат политички обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека овие 30 новоангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката во која немаат ниту еден правен аргумент, туку само директива да ја дефокусираат јавноста од погрешните политики, од продавањето на државните и национални интерси, од погрешните и штетни политики. Но она што е најболно е дека ќе продолжат да трошат народни пари за сопствен комодитет, хир, страсти и луксузирања.

Ниту 300 нови вработувања во СЈО нема да можат да го покријат срамот од партизираноста и расфрлањето со пари на оваа институција.

Ниту 300 нови вработувања во СЈО нема да може да им помогнат да направат едно издржано обвинение од проста причина што немаат правни аргументи, а уште помалку правна основа за тоа.

Граѓаните од СЈО не гледаат способност и објективност. Тие од оваа партиска испостава гледаат само непотизам, неспособност и целосна партиска инструираност.

Затоа ќе има ревидирање на целиот политички прогон кој го прави СЈО и СДС, и правно и историски“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски