ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го модернизираме РЕК Битола и ќе изгради нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за добро на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе дојде на власт ќе реализира проекти кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни, без исклучок и без компромис, еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1.000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останати места околу. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност, средства од 20-тина милиони евра годишно и враќање на животот во овој крај.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе донесе обнова на Република Македонија со реални проекти и реални ветувања.

Обнова што ќе значи повеќе за секој граѓанин во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче