ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прошири протестните возења во уште шест македонски градови

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вечерва најави дека протестните возења низ улиците на Скопје, кои партијата ги одржуваше во изминатите недели, ќе бидат проширени уште во шест македонски градови: Охрид, Битола, Штип, Велес, Куманово и Прилеп. Утре, во исто време, во сите седум града, заедно со Скопје, ќе се одржат протестните возења, со почеток во 18:30 часот, најавија од партијата.

Еве го во целост партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.

Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.

СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на
Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18:30 часот. Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на
Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!,“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите