ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги гасифицираме медицинските центри

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети, ќе исполни по 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира својата влада ќе започне со реализирање на проекти за доброто на граѓаните.

Еден од проектите кои што ќе бидат приоритет на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гасификацијата. Како за домаќинствата, така и медицинските центри ќе бидат гасифицирани, се со цел намалување на загадувањето кое во изминатите години се забележуваше во институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Приоритетни медицински центри кои ќе бидат први гасифицирани се Клиничкиот Центар во Скопје, болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Котларите кои во најголемиот дел од болниците долги години наназад претставуваа загадувач, сега ќе бидат во функција на болниците без при тоа да се загадува.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува по 12-ти април со сиот свој капацитет да се заложи за подобрување на здравствениот систем во Република Македонија, како и модернизирање на болниците и болничките капацитети кои се од огромно значење на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат силно и стабилно здравство кое ќе биде на располагање секогаш кога тоа ќе биде потребно, а тоа ќе го добијат по 12-ти април по формирањето на новата влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче