ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

Од:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот Антонијо Милошоски, нагласувајќи дека се против уставни амандмани.

„Нема да дадеме легитимитет на оваа фарса. Оние кои ветиле да го направат тоа го кршат Уставот. Ние нема да бидеме дел од неа“, рече Милошоски.

Тој нагласи дека процесот на измените е спротивно на народната волја изразена на референдумот.

„И ние ја почитуваме, тоа е наша обврска, затоа што народот ни ја даде довербата“ порача Милошоски.

На прашањето каков е неговиот коментар за тоа што меѓународната заедница даде поддршка на договорот од Преспа, како и за денешната изјава на американскиот дипломат Џон Саливан, Милошоски рече дека треба да се прави разлика од изјава од претставник на меѓународната заедница и волјата на народот.

Додаде дека иста била состојбата и во 2004 година, кога требало да се направи територијална поделба, тие не се воделе по она што го налагале странците, туку граѓаните.

Остануваат на ставот дека законот за амнестија е селективен и преку амандман ќе бараат целосно помилувење за 27 април.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат