ВМРО-ДПМНЕ: Китев ги потценува кавадарчани нудејќи проекти кои воопшто не се реални, ниту издржливи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Бетиан Китев, кандидат за градоначалник од СДСМ на Кавадарци.

„Китев на локалните избори во 2013 година не ја доби довербата од кавадарчани и доживеа катастрофален пораз, тогаш кавадарчани кажаа што мислат за неговата понуда и работа.

Работите кои ги нуди Бетиан Китев на кавадарчани се истите проекти што ги нудеше и неговиот шеф Зоран Заев, ветувајќи живот и промени, но за три и пол месеци од владата на СДС, ниту живот дојде, ниту пак граѓаните видоа некои промени.

СДС и Заев ветуваа, СДС и Заев излажаа.

СДС и Заев немаат ниту еден реален проект кој можат да го понудат за Кавадарци и за подобрување на квалитетот и стандардот на Кавадарчани.

Она што денес Бетиан Китев го презентира ни малку не наликува на програма за водење на општина во наредниот четири годишенпериод. Бетиан ги потценува кавадарчани што се дрзнува да нуди проекти кои воопшто ниту се реални ниту издржливи.

Кавадарчани нема да дозволат Бетиан Китев и Заев повторни да ги излажени и манипулира.

На 15-ти октомври на локалните избори, кавадарчани ќе го казнат расипничкото и недомаќинско работење на СДС, Бетиан Китев и Зоран Заев“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1