ВМРО-ДПМНЕ: Кире Наумов за еден мандат зема 120.000 евра, а никој не знае што тој сработил за Македонија за тие пари

Од:

Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец рече на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.


Директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

– Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра. Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра. Овие тројца функционери, кои ги презентиравме денес, за еден мандат земаат, речиси 1 милион евра. Што сработиле овие тројца функционери, и кој е бенефитот кој го има државата од нивното работење, за тие за еден мандат да наплатат 1 милион евра вели Томовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена