ВМРО-ДПМНЕ: Каква влада, такви мерки против ковид, неефикасни и дискриминаторски

Од:

Пакетот на мерки против ковид е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски велата во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени. ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор. Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не. Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка