ВМРО-ДПМНЕ: Каква релевантност има попис за кој власта веќе се договорила, со чии резултати, бројки и проценти веќе јавно лицитираат

Од:

„Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат. Зоран Заев покажал дека кога се работи за неговата политичка кариера е подготвен на секаков политички пазар, па и овој попис е нова епизода од неговите пазарења.

Законот за попис и пописот се споротивни на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат.

Дополнително, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.

Ова може само да гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. За каков релевантен и легитимен попис тогаш може да се говори, кога истиот се спроведува по принципот „како Заев замислува попис“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус